LONG ISLAND TEA
Ќе се излажете ако си помислите дека Long Island Iced Tea е коктел во чија основа е ладниот чај.
Иако звучи како лесен коктел, напротив – тој содржи многу алкохол и не е препорачлив за консумација преку денот ако сe уште имате обврски. И покрај големата количина на алкохол, Long Island Iced Tea некако успева да има одличен вкус.
Состојки:
- 15ml вотка - 15ml џин - 15ml текила - 15ml ликер од портокал (Triple sec, Cointreau) - 15ml рум - 30ml сок од зелен лимон - 1 ч.л. шеќер - Кока-кола - мраз
Подготовка:
Long Island Iced Tea се служи во висока тенка чаша без рачка.
Наполнете ја чашата до половина со мраз и оставете ја настрана. Во шејкер ставете ги петте алкохолни пијалоци, сокот од зелен лимон и шеќерот. Растресете го шејкерот околу 20 секунди. Налејте ја течноста во чашата. Дополнете ја чашата со малку Кока-кола, за коктелот да добие боја на ладен чај. Украсете со парче лимон.
|